Сенатот ја потврди номинацијата на Шермен за заменик државен секретар на САД
Американскиот сенат ја потврди номинацијата на американскиот претседател Џо Бајден за Венди Рут Шермен да ја преземе функцијата заменик државен секретар на САД.
Со гласовите на неколку републикански сенатори, номинацијата на Шермен (71) беше потврдена со 56 гласа „за“ и 42 „против“.
Венди Шермен е ветеран во надворешната политика на САД, позната по својот придонес за време на администрацијата на претседателот Барак Обама за време на преговорите за иранскиот нуклеарен договор во 2015 година, на кој остро се спротивставија републиканците и некои демократи.
Говорејќи како номинирана за нова позиција во Стејт департментот пред сенатскиот комитет во март, таа вети дека ќе се заложи за нов пристап кон Иран, бидејќи, како што предложи, „политиката кон Иран мора да биде втемелена во сегашноста, а не во носталгијата за минатото”.
Таа ја почна својата дипломатска кариера во 1993 година под претседателство на Бил Клинтон и оттогаш извршуваше важни владини функции во Стејт департментот во сите администрации на Демократската партија.
Ново на Сител
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор