Сенаторот Бенет јавно изрази сомневање во способноста на Бајден да победи на изборите
Американскиот сенатор Мајкл Бенет, демократ од Колорадо, изјави дека не верува оти актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, по неговиот катастрофален настап во минатомесечната претседателска дебата со Доналд Трамп, е способен да победи на претседателските избори.
-Мислам дека Доналд Трамп е на пат да победи на претседателските избори, можеби дури и убедливо и на крилјата на таа победа да ги освои и Сенатот и Претставничкиот дом. За мене ова не е прашање на анкети, не е ни прашање на политиката. Ова е морално прашање за иднината на нашата земја. Белата куќа, од таа катастрофална дебата, според мене, не направи ништо за навистина да покаже дека постои план за победа на овие избори, рече вчера Бенет.
Сенаторот не го повика директно Бајден да се повлече од претседателската трка, но тој предупреди за тоа што е во прашање на претседателските избори во 2024 година и посочи дека контролата на републиканците врз Претставничкиот дом и Сенатот ќе значи „американска трагедија“.
Бенет рече дека неговите гласачи се длабоко загрижени за неизвесноста дали Бајден може да победи на изборите и ја повика Белата куќа да не ги игнорира тие грижи.
Овие коментари на демократскиот сенатор од Колорадо го потврдуваат извештајот на Си-ен-ен дека Бенет, за време на приватна средба на демократите во Сенатот, им рекол на своите колеги дека не верува оти Бајден може да победи на претседателските избори во ноември.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија