-->
-->
Сенаторката Елизабет Ворен бара импичмент за Трамп
-->
Сенаторката Елизабет Ворен, која, исто така, е претендент за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година, повика на постапка за импичмент против претседателот Доналд Трамп.
Таа вели дека извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер содржи факти „кои покажуваат дека непријателска странска влада се вмешала во изборите во 2016 година, за да му помогнат на Доналд Трамп, а Доналд Трамп ја поздравил таа помош.
„Веќе избран (за претседател), Доналд Трамп ја спречи истрагата за овој напад”, напиша таа на Твитер. Ворен заклучува дека по објавувањето на извештајот на Малер, Претставничкиот дом треба да започне постапка за отповикување на претседателот на САД. Според неа, Малер таа можност ја оставил на Конгресот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена