СЕММ: Професионално новинарство за функционална демократија
Професионалното новинарство е суштински елемент за функционална демократија и остварување на интересот и правата на граѓаните за пристап до вистинити и објективни информации, пишува Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод Светскиот ден за слободата на медиумите.
- Подобрениот пристап на јавноста до таквите информации значи и подобрена клима за слободно одвивање на новинарската дејност, почитување на темелните слободи и права на медиумите и заштита на безбедноста на медиумските работници, наведува СЕММ.
Според Советот, независноста во новинарската дејност, освен што опфаќа автономија на новинарите и ослободеност од политички и бизнис влијанија, подразбира и постоење поддршка на механизмите на саморегулација и задоволителен степен на професионална автономија.
- Во Декларацијата од Виндхук, од чие усвојување годинава се одбележуваат 25 години, се наведува дека независноста се препознава во практикувањето на етиката во новинарството и во моќта на професионалните новинарски и медиумски организации во општеството. Трите клучни елементи на Декларацијата од Виндхук продолжуваат да бидат важни аспекти во работењето на медиумите, покривајќи ги слободата, плурализмот и независноста на сите медиумски платформи, стои во соопштението на Советот.
На овогодинашната конференција на УНЕСКО во Хелсинки, по повод одбележувањето на Светскиот ден за слободата на медиумите, Советот за етика во медиумите ги претстави своите досегашни активности и предизвиците со кои се соочува, вклучувајќи се и во дискусиите за натамошно зајакнување и поддршка на саморегулацијата во медиумите.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација