-->
-->
Семејството на Шумахер го тужи магазинот Бунте
-->
Семејството на Михаел Шумахер го тужеше магазинот Bunte, кој во декември минатата година објави дека седумкратниот светски првак во Формула 1, успешно закрепнува од тешките повреди на ‘рбетот.
Bunte тогаш тврдеше, повикувајќи се на изјави на пријатели на Шумахер, дека Германецот може да направи по неколку чекори со помош на својот тарапевт.
Адвокатите на семејството Шумахер го тужеа споменатиот магазин, а Феликс Дан пред судот открил детали кои нема да ги израдуваат бројните фанови на 47-годишниот Ф1 шампион.
Дам пред судот детално говорел за здравствената сосотојба на Шумахер и рекол дека „Шумахер не може да се движи, ниту со помош на тарапефт“.
„Вакви шпекулации се неодговорни, со оглед на сериозноста на повредите“, рекла портпаролката на семејството Забине Кен.
Михале Шумахер се повреди на 29. декември 2013 година, на скијање во француските Алпи. Речиси шест месеци тој се наоѓаше во вештачка кома, а од септември 2014 година се наоѓа на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојбата во затворот „Идризово“ алармантна, новиот министер денеска во посета
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХO“
-
Преглед на вести од светот
-
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите сериозно да го разгледаат извешајот на ДЗР за инфраструктурни проекти
-
Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите
-
Преглед на вестите од светот