Семејна кавга: Го пријавил својот татко во полиција поради тоа што ги запалил насадите марихуана
Момче од Австралија повикало полиција откако неговиот татко ги запалил неговите насади од канабис на семејниот имот, кој се наоѓа близина на градот Дарвин, соопшти денеска полицијата во федералната австралиска покраина Северна Територија.
Во извештајот се наведува дека, откако избила семејната кавга, „драгоцената билка“ била запалена во знак на одмазда. Сепак, нетрпеливоста помеѓу таткото и синот траела откако таткото скоро се вратил дома, по напуштањето пред подолго време.
- Полицијата излезе на местото на настанот и констатираше дека таткото навистина ја запалил марихуаната. Синот беше огорчен и бесен. Нејасно е само дали воопшто беше свесен дека поседувањето канабис е незаконско и дека би можело против него да биде покренато обвинение, изјави полициската началничка Луиз Џоргенсен.
Таа додаде и дека синот потоа изјавил дека уништувањето на „билките“ е далеку полошо од самото одгледување на канабисот.
„Обвиненија засега не се покренати, бидејќи доказите се уништени“, стои во сопштението.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија