Селските водоводи од кичевскиот регион бактериолошки загадени
По направените анализи од страна на Центарот за јавно здравје, хигиена и здравствена екологија - Кичево констатирано е дека водата за пиење од селските водоснабдителни објекти не одговара на Правилникот за безбедност на водата во однос на испитаните параметри, извести Центарот за управување со кризи.
Испитани се примероци на водата од селските водоводи во Шутово, Стрелци, Премка, Србица, Туин, Јагол, Јагол Доленци, Поповјани, Осломеј, Кнежино, Кнежино - Манастир „Св. Ѓоргија“.
Од Центарот за јавно здравје во Кичево предупредуваат дека водата не смее да се користи како вода за пиење до добивање на исправен примерок. Потребно е воведување на перманетна дезинфекција на водата или по можност повремена. Дотогаш водата пред користење треба да се преврива, се посочува во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа