Спорт плус
22. јуни 2016 - 13:26

Селекторот Ристоски се сели во Швајцарија

Успесите со националниот тим ширум му ги отворија вратите на македонскиот одбојкарски селектор Жарко Ристоски кон европската одбојка. 

Според последните информации Ристоски ја прифатил понудата од швајцарскиот Шоненверд. 
„Бев во Швајцарија веднаш по натпреварот со Бугарија и ги искористив тие два слободни дена. Бев да се видам со управата на клубот и да ги договориме сите детали. Оваа средба требаше да се случи многу порано, но поради обврските со репрезентацијата во Европската лига мораше да биде пролонгирана. Договорено е сѐ и во текот на оваа недела треба и официјално да го потпишам договорот на една година“, изјави Ристоски за „Спортмедиа“.