Селекција на отпад во Крива Паланка
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка постави контејнери за селекција на хартија и пластика на повеќе локации во централното градско подрачје, а со ова отпочна подготвителната фаза за најавената дислокација на главната градска депонија, информира директорот Томе Тодоровски.
- На ударните локации во градот поставивме садови за селекција на отпадот кои се изработени од страна на нашите вработени. Се селектира пластика и хартија, а ова претставува подготовка за претстојната дислокација на главната градска депонија од село Конопница во Ранковце, каде се планира да биде лоцирана новата регионална депонија, изјави Тодоровски.
Предвидено е ЈП „Комуналец“ да формира транспортен центар за депонирање на отпадот каде покрај транспорт ќе се врши и негова селекција.
- Селектираниот отпад значи и намалување на комуналниот отпад, за чие депонирање во друга општина ќе треба да се плаќа. Од една страна се намалува отпадот, а од друга страна во иднина ќе обезбедиме и одредени финансиски средства со предавањето на селектираниот отпад на откупните центри, додаде Тодоровски.
Нагласи дека Паланчани веќе се навикнале на селекција на отпадот, истиот вработените во „Комуналец“ го собираат еднаш неделно, а наскоро оваа активност ќе се спроведува два пати во неделата.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат