Селами: Електричните броила се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЈЦ
Електричните броила се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЈЦ. Лабораторијата во која се верификуваат електричните броила е акредитирана според стандардот 17020 од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, истакна директорот на Бирото за метрологија, Абдуљ Сељам Селами, во изјава за медиумите при денешната посета заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, на лабораторијата за испитување и верификација на електрични броила во подружницата на ЕВН во Бутел.
-Верификацијата е збир на постапки со кои се утврдува дека мерилото е во согласност со пропишаните услови и дека ги исполнува прописите и другите акти за верификација, односно се потврдува класата на точност на броилото. По констатацијата при мерењето и откако ќе биде утврдено дека грешките се во границите на максимално дозволените грешки за дадената класа на точност инженерите имаат задача да стават државен жиг со кој се докажува дека броилото е испитано и неговата класа на точност е според дозволените стандарди, посочи Сељами.
Во име на Министерството за економија и Бирото тој ги повика сите граѓани кои имаат сомнежи за точноста на електричните мерила слободно да се обратат до Бирото, кое ќе ги провери повторно броилата за да се отфрлат сомнежите коишто се однесуваат на трошење на електрична енергија.
Директорот на ЕВН, Волфганг Мајер, истакна дека точното мерење на броилата е нешто основно на компанијата.
-Точно знаеме што влегува во нашата мрежа, што излегува и се грижиме колку што можеме за да на крајот излезе најквалитетно. Најпрвин се врши набавка на броилата од ЕУ и сите тие се по сертифицирани стандарди. Другата страна е надворешна ревизија или проверка од Бирото за метрологија, која што е направена на професионален начин, изјави Мајер.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени