Села: Не ни треба премиер Албанец со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите
Лидерот на Алијанса на Албаците, Зијадин Села во гостување во Утрински брифинг кажа дека Али Ахмети го смета за еден голем политички лажго кој на избори оди со многу големи ветувања.
-На пример, рече дека ќе има премиер Албанец. Нам не ни треба премиер Албанец, со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите. Иднината на Македонија не се крои од Мала Речица или Зајас. Ако сакаме да мериме, треба да погледнеме што се инвестирало. Таму, се крои корупција, се кројат судии и обвинители, и да, ДУИ треба да си оди во опозиција. ДУИ стануваат коцкари и сакаат да формираат фирма која би правела државна лотарија а која би била како крило на ДУИ. Оттука е јасно дека ние немаме правна држава. Оти да објави Владата конкурс за таква фирма во рамките на Лотарија на Македонија пред законот за игри на среќа да помине не е во ред, кажа Села.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје