Македонија
28. December 2021 - 13:44

Села честиташе велигденски наместо божиќни празници, Таравари му се изнасмеа | ВИДЕО

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска на прес-конференција по грешка честиташе велигденски наместо божиќни празници.

– Сакам да Ви ги честитам сите верски празници, велигденските празници – рече Села, по што присутните го корегираа дека станува збор за божиќни празници.

Особено интересна беше и реакцијата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој седеше веднаш до Села, а кој не можеше да издржи за да не се насмее по направениот лапсус.

Во продолжение, погледнете го видеото: