Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села смета дека е право на секој граѓани ако соседот го признае неговото малцинство, осврнувајќи ќе на состојбата со Бугарија.
„Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедството е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин“ вели Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците во Студио 10 на ТВ24.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа