Села: Бугарија треба да го признае македонското малцинство
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села смета дека е право на секој граѓани ако соседот го признае неговото малцинство, осврнувајќи ќе на состојбата со Бугарија.
„Ако се земе предвид што се бара од страна на Бугарија, мислам дека не треба тоа да е однесување на земја членка на ЕУ, но во ЕУ има многу членки кои спречуваат нивните соседи да се признаат, кои се теми од почетокот на 20. век. Верувам во самоопределување на секој граѓанин на земјината топка, тука не треба да има дилеми. Кога даваме вакви изјави, треба да дозволиме и другите да се чувствуваат онака како што се чувствуваат. Тоа би било добар почеток за добрососедство, тоа треба да се нашите позиции, кога добрососедството е еден од главните приоритети, мислам дека соседите треба да се признаат едни со други, треба соседите да си ги признаат малцинствата, тоа е право на секој граѓанин“ вели Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците во Студио 10 на ТВ24.
Ново на Сител
-
Заев: До изборите во Бугарија фокус на Акцискиот план, потоа ќе прибегнеме кон преговори на политички основи
-
За една седмица нивото на Охридското Езеро покачено за седум сантиметри
-
Австрија, Данска и Грција бараат „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека
-
Мицкоски: Опозицијата ќе побара поддршка за одблокирање на патот кон ЕУ
-
Една година од исчезнувањето на Марија Брзакова
-
Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент
-
Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 393 возила
-
Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Јувентус