Села: Ако во јуни нема датум за преговори Владата го губи целосно кредибилитетот
Покрај сите останати кризи со кои се соочуваме, секоја политичка партија во својата агенда ги има евроинтеграциите, но власта е таа која треба тоа да го реализира. Доколку во јуни не добиеме датум за почеток на преговори тогаш оваа Влада го губи целосно кредибилитетот, рече вечерва лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во гостување на ТВ21.
Во тој случај, според него, ќе се оди на избори во октомври.
Тој го повтори ставот на неговата партија дека доколку дојде до промена на Изборниот законик тогаш тие ќе бараат да има осум изборни единици, а не една како што бараат помалите партии.
Според него, со осум изборни единици се добива реалната слика во државата поделена по економски региони, решение за кое вели дека има и анализи кои го потврдуваат тоа како најдобро можно решение.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците