Сексуалните работнички маршираа низ Центарот на Скопје

– Сексуалните работници традиционално по 12-ти пат денеска во Скопје маршираа за поголеми права, еднаков третман пред законите и почитување на нивното право на слободен избор.
Маршот на црвените чадори започна од пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија, се движеше по плоштадот и камениот мост и заврши пред зградата Ибни Пајко. Тие бараат измени на законските регулативи кои ги криминализираат сексуалните работници.
После 12 години стигмата, дискриминацијата и насилството врз сексуалните работници се уште постои, а, како што порачаа учесниците на маршот, инстуциите и стручната јавност продолжуваат да бидат глуви и слепи за нивните барања.
– Зошто треба да работиме во страв да бидеме малтретирани, злоупотребувани и игнорирани од општеството. Зошто не барате, а не не препознавате. Ние сме ја одбрале сексуалната работа како најдобра опција да заработуваме за живот и никој не треба да ни го одзема правото на слободен живот, порача една од учесничките на маршот на црвените чадори.
Посочуваат дека анализите на граѓанските организации, во 2018 година биле документирани 100 случаи на насилство врз сексуални работници, додека во 2019 година бројот е помал, но тоа не се должи на позитивните промени, туку на обесхрабреноста и немањето доверба во институциите.
– Најголем дел од нив, односно 34 случаи се во домот на сексуалните работници. Тоа значи дека сексуалните работници не се безбедни ниту во сопствените домови. Документирани се 26 повреди на трасн жени сексуални работнички, кои дополнително се соочуваат со насилство мотивирано од омраза поради родовиот идентитет, изјави една од учесничките на маршот.
Маршот е во организација на граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници
Ново на Сител
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
-

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност
-

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари
-

Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите
-

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години
-

Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија
-

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места
