Секс со роботи од 2065 година

Сексуалните сцени меѓу луѓето и роботите кои се појавија во научно-фантастичните серии и филмови многумина ги шокира, но сепак, еспертите тврдат дека тоа за 50 години би можело да стане реалност за секој човек.
Академикот др. Хелен Дрискол од американскиот Универзитет во Сандерленд дури смета дека таквиот вид односи би можело многу да му значи на човекот и да го унапреди неговото ментално здравје.
- Робофилијата, односно ситуација каде човекот сексуално го привлекуваат роботи, сега ни звучи како нешто што има врска само со вонземјански работи, но реалноста е дека тоа наскоро може да стане норма на однесување. Уште сега, по пат на интернет можат да се нарачат разни сексуални помагала, а со напредокот на технологијата тоа во блиска иднина ќе биде и андроид, истакна Дрисколова. Според нејзините зборови, тоа подразбира развој на виртуелна реалност во која голем број луѓе низ целиот свет уште сега секојдневно ужива.
- Покрај нас ќе биде нешто што е посовршено од човекот, а што може да пружи исто уживање како и живо суштество. Тоа ќе биде опипливо и направено по мерка и желба, истакна таа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
