Секоја втора фирма која учествувала на тендер е уверена дека имало корупција
Секоја втора фирма која учествува на тендер тврди дека има корупција, признаваат дека има меѓусебно договарање на тендерите, а врските одлучуваат кој ќе победи. Новиот извештај на Центарот за граѓански комуникации ги нотираше проблемите и корупцијата во тендерските постапки. Вредноста на договорите што се склучуваат без оглас пак во 2021 година се искачила на 46 милиони евра, што е за 16 милиони повеќе од претходната година. Во овие договори доминира АД Електрани, а тука не е вклучена набавката на јаглен. Од Центарот за граѓански комуникации алармираат дека бројките се загрижувачки.
Бирото за јавни набавки пак, цели три години не открива ништо нелегално во тендерските постапки, ниту пак поведува иницијатива за кривично гонење што зборува дека корупцијата во јавните набавки е широко распространета, а земјава не наоѓа механизми тоа да го спречи, велат од Центарот.
Според нив со санкции и кривично гонење би се намалила корупцијата при тендерските постапки.
Дополнително случајни засилени контроли на Бирото за јавни набавки и зголемување на бројот на предмети за јавни набавки од страна на ДКСК би придолено да се подобри ситуацијата со корупцијата со фирмите и тендерите, велат од Центарот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар