Секој 3 имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец, тврдат британските медиуми
– Британските медиуми пренесуваат дека секој трет имигрант кој илегално го минува Ла Манш и стигнува на британска територија е Албанец, јави Топ чанел.
– Бројот на баратели на азил кои добиваат поддршка финансирана од парите на британските даночни обврзници за првпат достигна 100.000. Тоа го покажуваат податоците на „ Home Office”, според кои ова е бројот на имигранти кои на крајот на септември добивале помош од владата, наспроти помалку од 69.000, колку што бил нивниот број минатата година, наведуваат медиумите.
Додаваат дека повеќето добиваат бесплатно сместување и животен додаток од 40,85 фунти неделно за секое лице во нивното семејство.
Албанците сочинуваат 35 отсто или нешто повеќе од една третина, од луѓето кои го преминале Ла Манш со мали бротчиња и гумени чамци во првите девет месеци од годинава, покажуваат новите податоци на британските власти.
Тие, исто така, сочинуваат половина од луѓето забележани на оваа рута во периодот јули-септември, што е нагло зголемување во споредба со претходните години, кога 3 отсто од пристигнатите на британска територија во 2021 година биле од албанска националност а само 1 отсто во 2020 година.
Информациите од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека имало над 33.000 пристигнувања на мали бродови и чамци во Обединетото кралство од јануари до септември оваа година.
Во овој период се проценува дека во оваа земја влегле повеќе од 11.200 Албанци. Авганистанците се втори на листата со 15 отсто од пристигнатите.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
