„Секјуриком“: Ниту еднаш не сме ја злоупотребиле својата позиција
Групацијата „Секјуриком“ ги оценува како неосновани обвинувањата дека влијаеле за некој тендер и дека злоупотребиле положба со што би стекнале противправна имотна корист.
- Сите договори со клиентите и добиени тендери од државни институции се законски добиени, согласно законските прописи. Сите наши договори биле јавно достапни. Она кое е важно да се напомене е дека сумата која се споменува во јавноста е за период од три години, и од неа биле исплаќани плати и придонеси за 500 лица кои работеле за потребите на службата, соопшти „Секјуриком“ во допис до медиумите.
Во реакцијата наведува дека 18 години е лидер во своето работење и дека како компанија, која е странска инвестиција, директно влијае врз македонската економија вработувајќи повеќе од 1400 лица.
- Максимално сме посветени за своите клиенти, правни и физички лица, како и државни институции и постојано работиме на зголемување на услугите кои ги нудиме, овозможувајќи сигурност, безбедност и комфор кај секој од нив со нашето работење. „Секјуриком“ е компанија која работела и ќе работи по законите и ниту еднаш не ја злоупотребила својата позиција. Нашата работа е транспарентна и сите договори биле јавно достапни и секогаш сме биле отворени за комуникација за секое прашање и информација, соопшти „Секјуриком“.
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев