Сејдини: Прекин на првенството само доколку нема алтернатива
Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини преку сајтот на федерацијата испрати порака до јавноста по повод состојбата во мак-фудбалот борбата за спас на клубовите кои се најдоа во тешка финансиска состојба во екот на пандемијата. Сејдини е дециден дека прекин на домашното првенство е последна алтернатива:
Актуелната здравствена криза драматично влијае и ги загрозува сите индустрии и економски сектори. Фудбалот не е исклучок и мора да пронајдеме решенија за моменталната ситуација со надеж дека целта ќе биде зачувување на работните места и еднакво почитување на интересите на клубовите и фудбалерите.
Фудбалската федерација на Македонија, како и секогаш до сега, кон фудбалската заедница ќе покаже одговорност, единство и солидарност. Ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање во насока на било каква помош на клубовите и фудбалските работници. Како федерација сме во постојана комуникација со УЕФА и ФИФА и доколку се определи одреден солидарен фонд кои би го користеле федерациите, ФФМ целосно ќе го пренамени кон клубовите.
Некористењето на финансиската поддшка од Владата на Р.С. Македонија беше една од првите одлуки кои раководството на ФФМ ги донесе откако започна здравствената криза и драго ни е што Агенцијата за млади и спорт на вистински начин ја препозна и поздрави таа одлука. Не радува што и други спортски федерации го направија истото и даваат придонес за клучните врености во вакви ситуации. Истовремено, ФФМ ги подготви и достави до АМС сите пристигнати предмети од фудбалските клубови за користење на финансиска поддршка.
Нестрпливо го чекаме моментот кога фудбалот и спортот повторно ќе не радуваат, а дотогаш уште еднаш да потсетиме дека ова е време за солидарност и општествена одговорност. Бидете дома и следете ги препораките на здравствените власти.
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
