Loading Video...
Фудбал
11. December 2020 - 16:36

Сејдини и делагација на ФФМ го посетија Кратово

 
Делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини и членови на управниот одбор, денес беше во посета на Кратово. 
 
Бидејќи смртта на почесниот претседател на Фудбалската федерација, Љубисав Иванов – Ѕинго, ги затекна на Кипар, тие денес го посетија неговиот гроб и положија свежо цвеќе. 
 
Во рамки на посетата на Кратово, Сејдини и функционерите од ФФМ го посетија фудбалскиот стадион на кој настапува прволигашот Силекс. Пред два дена го виделе на телевизија потопениот терен во Кратово, каде во ненормални, дури ужасни услови се одигра мечот меѓу Силекс и Струга, и веднаш стигна позитивна реакција. 
 
Иако сеуште не е утврден точниот термин, некаде напролет Сејдини најави целосна реконструкција на тревникот во Кратово, со модерна дренажа и систем за наводнување.