СЕХА: Вардарци расположени за пресметката со Војводина
Триумфот на Вардар во Унгарија во Лигата на шампионите е историски по многу нешта, но актуелниот шампион на СЕХА Газпром лигата нема време за радување. Пред себе има нов предизвик, овојпат во во регионалното натпреварување. Гостин во СЦ „Јане Сандански" е српскиот првак Војводина. Средбата е закажана за утре, вторник во 17,15 часот.
Вардарци секако се фаворити на оваа средба, но поради повреди на дел од играчите составот со кој тренерот Роберто Парондо ќе се спротистави не е познат. Рожерио Мораеш и Вуко Борозан имаат проблеми со поведи, па откако ќе се одржи тренингот и ќе се добие јасна слика за повредите ќе биде решено кој ќе настапи.
„ Војводина е најдобриот тим во Србија во последните неколку години и не смееме да го потцениме ривалот. Имаат млади и добри играчи, кои играат агреивно и сакаат да покажат колку можат. Ние сакаме да покажеме дека имаме квалитет. Сигурно нема да биде тешко како на средбата против Веспрем, но мораме да ја сфатиме нашата задача максимално сериозно", изјави Парондо.
Ново на Сител
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО