Ракомет
17. December 2016 - 17:27

СЕХА: Вардар со победа ја заврши 2016

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар попладнево ја постигнаа 12.та победа во СЕХА лигата откако на гостувањето во Белорусија ја совладаа екипата на Мешков Брест со 35:30 (19:12). „Вардарци“ победата ја најавија со добрата игра од самиот почеток на дуелот.
Домашната екипа водеше со еднаш 1:0, а по 2:2 Вардар направи серија од 4-0 и таа разлика воглавно ја зголемуваше и ја одржуваше без поголем проблем. Најефикасен на дуелот беше играчот на Мешков Брест, Растко Стојковиќ со 7 голови, додека кај Вардар пет играчи постигнаа по пет голови: Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Иван Чупиќ, Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.
 
Вечерва од 20:30 часот и македонскиот вицепрвак Металург игра натпревар на гости кај Тартран Прешов.
Табела: Вардар 38 бодови, Веспрем 29, ППД загреб 28, Мешков Брест 26, Цеље 24, Нексе 12, Горење 12, Татран Прешов 10, Металург 7, Извиѓач 3.