-->
-->
СЕХА: Макс Струмица домаќин на Мешков Брест
-->
Македонскиот претставник во СЕХА лигата Макс Струмица вечер од 20:15 часот го игра четвртиот натпревар од ова натпреварување. Струмичани се домаќини на Мешков Брест, екипа која важи за фаворит во овој дуел.
- Нашиот ривал е силна екипа и можеби важи за една од првите четири во лигата и нивните квалитети не треба да се коментираат. Верувам дека ќе биде квалитетен и интересен натпревар, а моите играчи ќе се борат за позитивен резултат докрајот. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, изјави тренерот на струмичани Марјан Андонов.
Макс Струмица сите три натпревари досега ги одигра на домашен терен и освои само еден бод. Мешков Брест на трите натпревари постигнаа една победа, но имаат два пораза од шампионот Веспрем и од Загреб.
Инаку, поради труење на гостувањето во Белорусија, кога неколку играчи на Загреб и тренерот Веселин Вујовиќ беа и во болница СЕХА лигата го одложи натпреварот Загреб - Вардар. Дуелот требаше да се игра утре, а е презакажан за 10 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје