-->
-->
СЕХА лига: Вардар домаќин на Татран Прешов
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва пред својата публика во „Јане Сандански“ ќе го игра шестиот натпревар во регионалната СЕХА лига.
Црвено-црните, кои досега имаат четири победи и еден нерешен резултат, ја пречекуваат екипата на Татран Прешов која пред два дена го загуби првиот меч на гостувањето во Скопје, кога беше поразен од Металург.
- Во добра форма сме и сакаме да го продолжиме победничкиот од. Не смееме да бидеме опуштени, зашто во СЕХА лигата секој тим е конкурентен. Нашата цел е повторно да играме на Ф4 турнирот, што значи дека не смееме да дозволиме да губиме бодови. Се сеќаваме како игравме против Мешков и подготвени сме да го дадеме максимумот против Татран Прешов, изјави Стојанче Стоилов, капитен на „Вардар“.
Средбата Вардар – Татран Прешов ќе започне до 20 часот и 30 минути, а е една од двете која се игра денеска во СЕХА конкуренцијата.
Во првиот меч во Загреб, на хрватскиот шампион му гостува словенечкиот тим Горење Велење.
Табела: Вардар 13 бодови, Веспрем 9, Целје 9, Мешков Брест 7, ППД Загреб 3, Горење Велење 3, Металург 3, Нексе 3, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници