-->
-->
СЕХА лига: ППД Загреб преку Струмица до врвот на СЕХА лигата
-->

Ракометарите на ППД Загреб остварија победа на вечерашниот дуел од СЕХА лигата над Макс Струмица со 40:21 (дуелот се одигра во СРЦ Кале, Скопје). Со новите три бодови хрватскиот шампион изби на чело на табелата на СЕХА лигата со ист број бодови (27) со Татран Прешов, кој денеска неочекувано загуби дома од Нексе. Најефикасен на дуелот беше Игор Милосављевиќ од Макс Струмица со 9 голови, додека Ловро Михиќ кај ППД Загреб постигна 8.
На другите два дуела одиграни денеска: Татран Прешов – Нексе 26:31 и Веспрем – Борац 32:25.
Утре се игра натпреварот во Нови Сад меѓу Војводина и Вардар.
Табела: ППД Загреб 27 бодови, Татран Прешов 27, Веспрем 25, Вардар 25, Мешков Брест 21, Нексе 18, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
