СЕЕ СЕП: Најмногу електрична енергија во регионот се произведува од јаглен
Во 2014 година во Косово, Македонија и Србија најголем дел од производената електрична енергија е генерирано од термоелектрани на јаглен, покажува Набљудувачкиот извештај за енергетика за 2016 година на мрежата СЕЕ СЕП во која членуваат невладини организации од Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Еден од главните заклучоци во извештајот е дека Македонија и Србија се на второто место на земји зависни од јаглен по Косово, со 76 и 64,8 отсто од нивната електрична енергија произведена од јаглен во 2014 година. За споредба, ЕУ генерирала 26,1 отсто од електричната енергија од јаглен во 2013 година.
Од друга страна, пак, посочено е дака Македонија генерирала 14 гигават часови од сончеви панели во 2014 година, со што стана лидер во регионот, но сепак, се додава, дека тоа е занемарливо во споредба со потенцијалот кој го има.
- Во апсолутна смисла производството на електрична енергија од јаглен во Македонија е намалено за 800 гигават часови од 2010 година, но во проценти е зголемено, што веројатно се должи на високите врнежи во 2010 година. Понатаму Македонија ги намали загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија од 20,22 отсто во 2010 на 17,4 отсто во 2014 година, додека, пак, ја намали својата енергетска интензивност за многу мал износ помеѓу 2010 и 2013 година од 0,4 на 0,37 тое/УСД 1000, додека во ЕУ таа изнесува 0,11 тое/УСД 1000, се наведува во извештајот.
Извештајот, потенцираат од СЕЕ СЕП, се обидува да го привлече вниманието на јавноста со фактот дека како што старата енергетската инфраструктура се повеќе се амортизира, регионот се соочува со избор: изградба на уште повеќе термоцентрали на јаглен и големи хидроелектрани или пак одлучувачки пресврт кон енергетски ефикасен енргетски сектор базиран врз основа на одржливи форми на обновливи извори на енергија, како што се соларната и ветерната.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации