Свет
17. March 2016 - 8:38

Седумнаесет рудари откриени во масовна гробница во Венецуела

Седумнаесет рудари, кои се сметаа за исчезнати, се пронајдени мртви во масовна гробница во близина на местото каде исчезнале, јавија локалните власти.

Секој од нов бил застрелан во главата, пренесува БТА.

Венецуелските власти тврдат дека масовното убиство во југоисточната држава Боливар е резултат на конфликтот за контролата врз импровизираниот рудник за злато. 

Тие ја обвинија бандата на извесен Еквадорец, по кој се трага. 

Судот повикува на целосно расветлување на случајот, бидејќи според очевидци, рударите биле приведени од вооружени мажи со полициски обележја. 

Венецуелската полиција започна внатрешна истрага.