Седумнаесет мигранти откриени при проверка на патнички возила

Полицијата при проверка на патнички возила во два одделни случаи во близина на Неготино и кај селото Смоквица регистрирала вкупно 17 лица-мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.
На автопатот во близина на селото Смоквица вчера околу 7:50 чaсот полициски службеници забележале возило „Рено“ со скопски таблици во кое влегувале повеќе мигранти. Полицијата се обидела да го сопре возилото, но возачот продолжил да се движи. На околу 300 метри возачот го запрел возилото и заедно со дел од мигрантите се дал во бегство. Полицијата ги пронашла и привела 12 -те мигранти од Алжир кои потоа биле спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.
Полицаец од Неготино вчера околу 20:35 часот во близина на клучката кај Неготино на автопатот во правец Гевгелија - Скопје се обидел да запре возило марка „Матиз“ со велешки регистерски ознаки, но возачот не застанал туку го продолжил движењето.
Полицијата со службено возило се упатила по него и кај месноста викана „Полна Цигла“ го престигнала и запрела. Во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ. (32) и пет мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.
Се работи на целосно расчистување на овие случаи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
-

САД создаваат 12 милијарди долари залихи во руда - Македонија не ги искористува ресурсите
-

Државата размислува за изградба на државен дата-центар, но ниту една компанија не пројавила интерес за инвестиција
