Седуммина повредени од кои едно лице потешко во пожар во скопски Чаир
Седум лица од кои три деца се хоспитализирани поради повредите добиени во пожар што избувнал околу два часот по полноќ во стан на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека пожарот избувнал во станот на Х.Ф.(1984) и дека тој притоа се здобил со изгореници од втор и трет степен на двете раце и лицето, и е задржан во Ургентен центар-Пластична хирургија.
Во пожарот се повредени и И.Ф.(66), Р.Ф.(35) и С.М.(20), кои се задржани на Клиниката за токсикологија, како и три деца на возраст од 11, 7 и една година кои се задржани на педијатрија.
Пожарот, како што соопшти МВР, е локализиран од страна на територијалната противпожарна единица-Скопје.
Увид на лице место ќе се врши денеска, кога ќе се утврди и причината за настанување на пожарот.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата