Седуммина полицајци повредени во протестите пред Собранието
Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.
Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.
Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.
Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.
Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.
Протестот беше организиран преку социјални мрежи.
Ново на Сител
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон
-
Врховен суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува