Седуммина екстремисти убиени во контратерористичка операција на САД во Јемен
Вооружените сили на САД извршија изутрината контратерористичка операција против базата на Ал Каеда во јеменската провинција Мариб и убија седуммина екстремисти на огранокот Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, јави ТАСС.
За операцијата соопшти Централната команда на американските вооружени сили (Сентком) во оперативната сфера, во чија надлежност е Блискиот Исток.
Според соопштението, првичната цел на операцијата била собирање разузнавачки податоци.
Седуммина екстремисти се убиени во напади „комбинирани од мали огнени оружја со прецизни воздушни напади“.
Според двајца американски претставници не е познато дали има настрадани Американци во акцијата, која беше извршена на 40 километри северно од местото, на кое Американците извршија сличен напад во јануари.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје