Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк

Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин.
Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола.
Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со случајот покренал кривична постапка за извршено дело „терористички напад“.
Украинската страна засега не се огласила за инцидентот.
Во меѓувреме, Русија соопшти дека над повеќе региони биле соборени десетици украински дронови, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни обвинувања за нови напади и покрај претходните дипломатски напори за смирување на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
