Седум лица од Виница со симптоми на труење хоспитализирани во штипската болница
Седум лица од Виница кои се пожалиле на труење со храна се задржани на лекување во инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.
Од Здравствениот дом во Виница потврдија дека во изминатите два дена кај нив на преглед се јавиле поголем број пациенти со стомачни проблеми, главно со симптоми на повраќање и дијареа, од кои дел биле препратени во штипската болница.
Најголем број од затруените се пожалиле дека јаделе храна од сендвичарница во Виница, но дел од нив биле на прослави и во соседните градови.
- Вкупно 215 лица се евидентирани со симптоми на труење, од кои половината се вработени во една виничка компанија. Повеќето посочиле дека консумирале храна од седнвичарница уште во петокот, по што побарале лекарска помош во текот на викендот, истакна Горан Николов, едидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека веќе се земени примероци од храната и од работните површини во сендвичарницата и резултатите се очекуваат утре, а превентивно од страна на санитарната инспекција е издадено решение за забрана за работење.
За една недела ова е втор поголем случај на труење со храна во Виница, откако минатиот вторник пет лица беа задржани на лекување во болницата во Штип, при што се пожалија дека консумирале производи од слаткарница.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања