Седници на три собраниски комисии
![]()
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички сиситем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е Предлог законот за изменување на Законот за управување со отпад, по скратена постапка, подесен од пратеничките Маја Морачанин и Лилјана Поповска од ДОМ.
Комисијата за политички сиситем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, за изменување и дополнување на Законот за извршување, и за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, трите по скратена постапка, второ читање.
На дневниот ред на Законодавно-правната комисија има пет точки меѓу кои е Барањето за давање на автентично толкување на член 101 став (7) а во врска со член 190 од Законот за јавните набавки, поднесено од претеникот Реџаил Исмаили, како и точките што ќе ги разгледуваат комисиите за транспорт, врски и екологија и за политички сиситем и односи меѓу заедниците.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
