Седници на три собраниски комисии
Во Парламентот денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Собраниската комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници – 70 и 71. На дневен ред на 70. седница се измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за данокот на добивка, сите по скратена постапка, во второ читање.
Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2020 година, по скратена постапка, во второ читање е единствена точка на дневен ред на 71. седница на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, во второ читање.
Истите закони подоцна во текот на денот треба да бидат на дневен ред и пред Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен