Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, како и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата се Предлог - одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на РМ за 2017 година, а пред Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог - законот за странци, во второ читање.
Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, треба да се изјаснат за предлог законите за изменување и дополнување на законите за лековите и медицинските средства, во прво читање, за вработување инвалидни лица, за странци и на Законот за енергетика, во второ читање. Комисијата треба да се изјасни и за барања за автентични толкувања, како и да утврди пречистен текст на закониет за инспекцијата на трудот и за минимална плата во Македонија.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
