Седници на неколку собраниски комисии
– Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешни работи и за труд и социјална политика, како и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за угостителската дејност и на Законот за енергетска ефикасност, двата по скратена постапка, како и
Предлог на закон за изменување на законот за јавните претпријатија и Предлог на закон за дополнување на Законот за возила.
Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да го разгледаат Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората.
Пред Комисијата а труд и социјална политика се измените на Законот за заштита на децата и
на Законот за заштита на децата, измените и дополнувањата на законот за социјалната заштита, сите по скратена постапка, како и измените на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и измените и дополнувањата на Законот за семејство. Членовите на оваа комисијата треба да ги разгледаат и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година.
На Законодавно – правната комисија на дневен ред се повеќе законски текстови.
Ново на Сител
-
Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000 денари
-
Приведен крадец во битолско, одзел нафта и масло од фирмата каде што работел
-
Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
-
Првиот пациент вратен од лекување: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници