Седници на неколку собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска Тања Чачарова-Илиевска, член на Судскиот совет ќе даде свечена изјава. Во законодавниот дом за денеска се закажани и седници на Комисијата за одбрана, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана е Предлогот на закон за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање.
Пред членовите на Комисијата за земјоделство се дополнувањата на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, како и Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството и откупот на земјоделски производи, двата по скратена постапка.
Меѓу точките на три закажани седници на Законодавноправната комисија се Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка и Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство сите во прво читање. Оваа Комисија ќе ги разгледа и измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, Законот за иновациската дејност, Законот за трговските друштва и на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.
Предлог измените и дополнувањата на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, се поднесени по скратена постапка, а во прво читање се и Предлог измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија. Тука се и повеќе предлог-закони во второ читање од областа на економијата и финансиите.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
