Седници на комисиите за економија, транспорт и за одбрана

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија и за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за дополнување на законите за концесии и јавно приватно партнерство, и за енергетика, во прво читање, а на Комисијата за транспорт Предлогот за изменување и дополнување на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пак, треба да расправаат за Предлог законот за изменување на Законот за служба во Армијата на Република Македонја, во прво читање, поднесен од пратници од опозиција, како и за Предлог - законот за дополнување на Законот за одбрана - во прво читање.
Ново на Сител
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
