Македонија
13. April 2018 - 8:29

Седници на две тела во Собранието и посета на делегација од норвешкиот Хелсиншки комитет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на чиј дневен ред е Утврдувањето на бројот на надворешни соработници по пратенички групи.

Седница ќе одржи и собраниската Комисија за образование, наука и спорт пред чии членови е Предлог-законот за високото образование, во второ читање.

Собранието на РМ ја најавува и посетата на делегацијата на норвешкиот Хелсиншки комитет во чии рамки ќе се одржи работна средба со Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата.