Македонија
1. March 2024 - 7:48

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието за денеска се закажани седници на комисиите за прашања на изборите и именувањата и за економски прашања. 

Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да расправа за Предлог одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на претседателот на државата, на пратениците како и на функционерите кои ги избира и именува Собранието. 

На седницата на Комисијата за економски прашања,пак, треба да биде констатирано дека се повлечени материјалите за четирте предложени закони за стратепки инвестициски прокети во областа на енергетиката.