Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет и за одбрана и безбедност.
Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за три предлог-одлуки, за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, за испраќање припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан (јануари 2023 до јули 2023 година) и за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“