Македонија
29. August 2018 - 8:44

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири комисии.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-измените на Законот за вино во прво читање поднесени од пратеникот Панчо Минов, а Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледа Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капиталното финансиско осигурување за 2017 година.

На дневен ред на Комисијата за образование и наука се статутите на универзитетите „Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“ и Универзитетот во Тетово. 

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе разгледаат повеќе предлог-измени кои потоа треба да се најдат на денешната собраниска седница.