Македонија
6. September 2016 - 8:28

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашањата на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно правната и Комисијата за финансирање и буџет.

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата треба да ја утврди Предлог - одлуката за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а Комисијата за за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител - во второ читање. Овој предлог треба да го разгледува и Законодавно правната комисија.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да ја продолжи расправата по Ребалансот на буџетот