Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат четири комисии.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања е јавната расправа на тема:Итни реформски приоритети за Република Македонија - точка 5. Медиуми: Независни и професионални медиуми и слобода на изразување.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Македонија во Турција, Звонко Муцунски, на новоименуваниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев и на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Федеративна Република Бразил, Ивица Боцевски.
Членовите на Национален совет за евроинтеграции треба да усвојат записници од неколу одржани седници, да расправаат по Предлог-Резолуција на Европскиот парламент за Извештајот за Република Македонија за 2015 година, поднесена од европратеникот и известител за Република Македонија Иво Вајгл, како и за Извештајот за работата на Националниот совет за евроинтеграции за 2015 година.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита и спасување - I читање.
Ново на Сител
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
