Седницата продолжи со процедурални забелешки за која точка да се расправа

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и претседател на Законодавниот дом.
На почетокот и на 11. продолжение на седницата, СДСМ и ДУИ побараа пратениците да преминат на четвртата точка од дневниот ред - избор на претседател на Собранието. Со тоа не се согласува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека тоа е спротивино на Деловникот. Тие инсистираат најпрвин да се исцрпи расправата за третата точка - избор на Комисијата за прашања на изборите и иманувањата.
Согласно претходно договореното, во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонијо Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
