Седница на Судски совет
За 110 претставки за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за денеска. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти, но има и други подносители.
Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот сакамдакажам.мк, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправата по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток