Седница на Советот на Град Скопје
Советот на Град Скопје денеска ја одржува 62. седница на која се поставуваат пратенички прашања.
Координаторот на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје Дамјан Манчевски праша кога и дали воопшто се планира ребаланс на буџетот за обезбедување пари за вонредни мерки за намалување на загаденоста на воздухот.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека сите информации што се потребни, ниту една бројка не се крие, кога се работи за извештаи и донесување на буџетот.
Тој обвини дека додека СДСМ биле на власт не купиле ниту едно тркало за автобус или камион за јавните претпријатија.
Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје праша како ќе изгледа и колку ќе чини реконструкцијата, доградбата и надградбата на Универзалната сала во Скопје, која наредниот период ќе биде конгресен центар „Александар Македонски“.
Директорката на Универзална сала Вера Бошковска информира дека во моментов се работи на една дополнителна јавна набавка каде, како што рече, ќе се направат дополнувања на проектот.
- Бидејќи тој проект е веќе со некакви измени што ни се потребни, имаме можност за доградување на уште две мали сали, рече Бошковска и додаде оти ќе се направат и одредени законски промени што ги има.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор